СДСМ: Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вкупна вредност од 375,6 милиони евра

Од:

„Економските мерки на владата предводена од СДСМ даваат резултат. Се зголемува економскиот раст, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и кај компаниите.

Тоа го потврдува уште еден податок. Во 2018 Министерството за финансии извршило поврат на ДДВ во вкупна вредност од 375,6 милиони евра.

Во апсолутни бројки, минатата година назад во компаниите завршиле 60 милиони евра повеќе отколку во 2017 година.

За разлика од претходните години на пример, кога поради криминалните политики на ВМРО ДПМНЕ, не се исплаќаше навреме, доцнеше и фирмите беа под притисок, денес повратот на ДДВ се реализира навремено и неселективно.

Брзиот и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите ја подобрува ликвидноста во стопанството, а со тоа се стимулираат инвестициите и отворањето на нови работни места.

Владата предводена од СДСМ продолжува на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст, зголемени инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај секој граѓанин“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков да си поднесе оставка поради хаосот во културата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он