(ВИДЕО) Колариќ: Шилегов и СДСМ вработуваат 700 партиски војници во пресрет на изборите

Од:

Шилегов и СДСМ молчат за вработувањето на 700 партиски војници и тоа во пресрет на изборите. Ова не може да се сфати поинаку освен како еден обид за повторна изборна корупција, рече Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

– Се случува изборна манипулација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран. Дополнително Град Скопје со Јавните претпријатија под негова надлежност не запираат да се бламираат и понатаму и да шират лаги . Од овие 700 вработувања 400 ќе бидат во ЈСП. Ова е дел од одлуката за вработување во ЈСП, од која јасно се гледа дека Шилегов ќе реализира дополнителни 403 вработувања. Шилегов и СДСМ во текот на целиот предизборен период пред да дојдат на власт велеа дека администрацијата е преполнета и дека нема да има нови вработувања, но за жал сите кои беа вработени со договор на дело ги оставија и ги избркаа на улица. Одеднаш го промени своето мислење и сега се дава амин за вработување на 700 партиски војници, рече Колариќ.

Таа додаде дека иако во ЈСП најголем дефицит има за возачи, кои, како што рече, ја напуштаат работата и заминуваат надвор од државата, Шилегов и Чушков за 2019 година планирале да вработат само 100 возачи, додека остаток биле административен и раководен кадар.

– Овие 100 возачи би ги имале ние сепак во предвид со набавка на новите автобуси кои повторно истата власт ги вети на граѓаните а ќе видиме кога истите ќе се реализираат. Шилегов е тотално неспособен и не знае да менаџира со парите на граѓаните , не само што нема нови проекти, не само што нема нови инвестиции, Шилегов едноставно не може ни да изврши тековно одржување на комуналната хигиена во градот, но затоа пак фрла пари за полнење на администрацијата, која не носи бенефит за доброто на граѓаните на градот Скопје. Покрај вработувањата на неопределено време во администрацијата на град Скопје и претпријатијата се под негова контрола, Шилегов реализира и голем број на времени вработувања преку приватни агенции за вработување и ја преполнува градската администрација. Сите информациите велат дека се ставаат луѓе на места кои не се ниту предвидени во постоечката систематизација која ја поседува градот за сметка на квалитетни кадри кои се седнати во ќош за сметка на нив се вработуваат партиски војници кои ги заземаат незаконски позициите, рече Колариќ.

Таа додаде дека освен фијаското со претпријатијата се случувало и фијаско во борбата против загадувањето на воздухот.

– Зоран Заев и Шилегов ги измамија граѓаните. Заев и Шилегов немаат успеси во борбата за почист воздух. А резултат на сето ова е најзагадена држава во светот. Граѓаните умираат поради загадениот воздух. Граѓаните, почитувани се излажани и изманипулирани, рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања

Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев

Горан Наумовски