Појава на мали одрони на патиштата кон малешевско-пијанечкиот регион

Од:

Интензивни врнежи од снег има во малешевско-пијанечкиот регион и на Пониква, единствениот ски центар во источна Македонија. Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип, Кире Коцев за МИА вели дека екипите веќе се на терен и го расчистуваат снегот од коловозите во Берово, Пехчево, кон граничниот премин кај Делчево. На терен се пет возила, а кон Пониква има и снегочистач.

-Посебно апелирам до возачите, кои што патуваат на патните правци Кочани-Македонска Каменица-Делчево и Виница-Берово да внимаваат во клисурите, бидејќи имаме помали одрони, што се чистат од наша страна. Но, поради врнежите од дожд на овие патни правци има појава на мали одрони. Во моментов немаме никакво попречување на сообраќајот, вели Коцев.

Тој истакна дека останатите патни правци во источна и југоисточна Македонија се чисти и немаат проблеми со нивното одржување.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска