Нотопулу: Договорот од Преспа отвора перспективи и исклучителни можности за соработка

Од:

Заменик министерката за Македонија и Тракија, Катерина Нотопулу, говореше во грчкиот Парламент за перспективите што се отвораат со Договорот од Преспа како за билатералните односи, така и за северна Грција, рече дека денес „правиме голем скок во нова ера“ и ги повика сите да ги надминат нивните внатрешно политички цели и нивниот козерватизам, јави дописничката на МИА од Атина

-Билатералните економски односи стабилно се развиваат. Грција во 2017 година беше трет најголем трговски партнер на северната соседна земја, додека пак во билатералната трговија забележува зголемување за 22 отсто, односно од 726 милиони 546 се однесуваа на извоз на грчки производи, а само 180 увоз од соседната земја, рече Нотопулу и додаде дека „Грција е број еден туристичка дестинација за соседната земја со над милион пристигнувања.

Министерката рече дека со фактот дека економиите на двете земји се различни, односно различни се структурите, тоа дава исклучителни можности за соработка.

-Ратификацијата на Договорот од Преспа ќе овозможи да се одобри финансирање од европските финансиски механизми за низа големи проекти меѓу двете држави, значајни проекти, кои во комбинација со оние што веќе се планирани и се имплементираат, ќе ја направат Северна Грција важна транзит клучка, рече Нотопулу, потенцирајќи дека за да се постигне се ова потребна е искрена соработка меѓу двете земји.

Заменик министерката за Македонија и Тракија упати критики до опозициската Нова демократија, за позицијата во однос на Договорот од Преспа.

-Го слушнав претседателот на Нова демократија од Солун дека пратениците на денешното гласање ќе бидат соочени со нивната совест и со историјата .Токму тоа го бараме и ние од сите, секој пратеник и секоја пратеничка да го одбере тешкиот пат, патот на одговорност и на иднината, да не го одбере лесниот пат на популизмот, рече Нотопулу.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната