Работници на „Еурокомпозит“ протестираа пред општина Прилеп

Од:

Исплата на придонесите и отпремнините побараа 154.та работници кои се прогласени за технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ на денешниот протест пред прилепската локална самоуправа.

Според Пецо Велјаноски од Иницијативниот одбор на прогласените за технолошки вишок, „големо е разочарувањето и чувството на измаменост кај работниците особено што во понеделникот при четиричасовниот протест пред Владата никој не дошол ниту да ги види, ниту да ги прими“. Бараат Владата, како сопственик на „Еурокомпозит“, да им ги исплати придонесите од милион евра и отпремнините.

– Ова е крајно недостоинствено. Во понеделникот четири часа бевме пред Владата, а никој ниту не праша, ниту не прими. Според нас или не можат или не сакаат да го решат проблемот. Се собравме пред локалната самоуправа да бараме прием, градоначалникот не бил тука, но и да го слушне, барем некој нашиот глас. Бидејќи државата е сопственикот на „Еурокомпозит“, бараме да ни се исплатат заостанатите придонеси од 6,5 години кои се во износ од околу милион евра, како и исплата на отпремнините, вели Велјановски.

Сто триесет од нас, дополни, добија по 25 000 денари, ниту половината, а 24 работници ниту денар не добија, а во февруари треба да ни се доисплатат во целост. Но раководството крева раменици, а никој не знае, ниту кажува кога ќе ни се исплатат во просек по 1.500 евра на сите прогласени технолошки вишок. Не отстапуваме од нашите барања. Сега сакавме само, барем, да се сретнеме со „таткото на градот“, градоначалникот Јованоски, но не бил тука, посочува Велјаноски.

Од прилeпската локална самоуправа работниците по денешниот протест добија ветување за средба со градоначалникот Илија Јованоски во петок и, како што велат и за можна средба со прилепските пратеници и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска