Либералната партија ја поздравува поддршката за дислокација на спортските обложувалници и казината на три километри од институциите, образовните и верските објекти, изразена од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Сугерираме предлагачот на новиот закон СДСМ, да ги проучи укажувањата од невладиниот сектор како и од коалициониот партнер во власта, и да ги имплементира во новото законско решение. На тој начин владата ќе придонесе во градење здрава нација и држава.
Воедно потсетуваме на ставот на ЛП од пред еден месец во кој бараме дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места, по примерот на Република Албанија“, се вели во соопштението на Либералната партија.