На 21 и на 22 јануари 2019 година во Загреб се одржа Економски форумот во организација на Светската организација на бизнис ангели (WBAF), со која претседава проф. Бајберс Алтунташ, докажан пријател на Македонија. Во рамките на настаните на форумот беше отворена регионална канцеларија на оваа светска организација во Хрвтаска, која воедно е прва канцеларија во регионот на Југоисточна Европа.
На форумот учествуваше и Зоран Шапуриќ министер за задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија придружуван од страна на вд амбасадорот на Македонија во Хрватска Назиф Џафери. Министерот имаше свое обраќање и беше модератор на една од сесиите. Во своето излагање истакна дека Република Македонија силно оди напред кон интеграциите во НАТО и Европската унија.
Овие евроатлански интеграции на државата ќе доведат до зголемување на домашни и странски инвестиции, како и до зголемување на инвестиции од формата на инвестирање на бизнис ангелите. Шапуриќ напомена дека Македонија работи на донесување на регулатива кој ќе овозможи поголем влез на ваквите инвестиции, како и дека очекува наскоро Светската организација на бизнис ангели да отвори канцеларија и во Македонија.
Форумот преку видео порака беше поздравен и од Кралицата на Холандија нејзиното величество Максима. Во рамките на форумот беше потпишан и меморандум за соработка за глобално партнерство за финасиска инклузија, со посебен фокус на економска соработка како поттик на старт-ап компании и иновација во Хрватска и Европска унија.
Дел од учесниците на Форумот меѓу кои и Шапуриќ, беа примени од претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.
За време на форумот Шапуриќ оствари повеќе билатерални средби, помеѓу кои и со претставници на бизнис асоцијациите на Хрватска, со Бајберс Алтунташ, со бившиот претседател на Хрватска –Иво Јосипович, со Потпретсдателот на Саборот на Хрватска-Синиша Хајдаш Дончќиќ, министерот за иновации и претприемништво на Косово-Бесим Бегај, министерот за развој и воедно потпретседател на влада на Гана-Ибрахим Мохамед Авал, повеќе претставници на институции на Европската унија, жупанот на Крапинско Загорска Жупанија-Жељко Колар, и со повеќе други претставници на институциите на Хрватска.