Комисијата за надворешни работи и одбрана во грчкиот парламент расправа за Договорот од Преспа

Од:

На високи тонови, со обвинувања за изборот на новите членови поради тоа што неколку пратеници ги напуштија нивните пратенички групи, со жестоки реакции од пратеникот од Златна Зора, Илијас Касидиарис, во тек е Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот парламент, за да го разгледа нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа.

Поради жестоката дискусија, претседателот на комисијата направи пауза од пет минути за да се смират страстите, по што на членовите им се обрати алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

На почетокот од седницата, пратеникот од Нова демократија, Никос Дендиас излезе со три барања: да биде доставен целиот текст од македонскиот Устав за да се спореди кои амандмани се вметнати, да се објави писмото со оставката од Коѕијас до Ципрас и поранешниот шеф на грчката дипломатија со оглед на тоа дека ги водеше преговорите, да дојде на комисијата и да ја извести.

Претседателот на Комисијата, Костас Дузинас рече дека овие барања ќе ги пренесе до владата.

Претставникот на Демократска алијанса, Андреас Ловердос, рече дека до комисијата треба да се достават уставните закони за спроведување на Уставот на нашата земја.

На час и половина од почетокот на дискусијата во главно е фокусирана на составот на комисијата и на начинот на кој денес беа избрани новите членови – независните пратеници.

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи ја сочинуваат 56 членови, од кои 27 од СИРИЗА, 14 од Нова демократија, четири од Демократска алијанса (Демократска левица- ПАСОК), три од Златна зора, исто толку од Комунистичка партија на Грција, а по еден претставник имаат Независни Грци, Река и Сојуз на централисти, додека пак учествуваат и двајца независни пратеници.

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, одлучи наместо пратеникот Кацикис, лично тој, да присуствува на комисијата.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната