Грчките медиуми преплавени со Договорот од Преспа

Од:

Договорот од Преспа е централната тема на насловните страници на речиси сите денешни, неделни изданија на грчките весници, а дел од нив, го пренесуваат и целиот текст од договорот.

МИА пренесува дел од насловните страници на медиумите:

„Авги“, весникот што важи за гласило на СИРИЗА има интервју со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вели дека договорот е историски чекор за двете земји, а ратификацијата е патриотска должност.

Весникот „Реал њуз“ има интервју со вицепремиерот Бујар Османи, под наслов „Грција е главниот гарант за нашите евроатлантски амбиции“.

Весниците „Етнос“ и „То Вима“, под насловите „Тајните на Преспа“ и „Во стапицата на Преспа“ ги анализират последните случувања на грчката политичка сцена во пресрет на ратификацијата на Договорот.

Десничарско ориентираниот, опозициски весник „Прото тема“, пренесува резултати од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата за рејтинг „Марк“, според кое 66 отсто велат „не“ за Договорот од Преспа, а 67.4 отсто од испитаниците бараат избори најдоцна до мај.

Како што најавија од грчката Влада, за граѓаните да бидат објективно информирани, спроведоа кампања и Договорот од Преспа го доставија до весниците за да го објават во целост, а во дел од денешните изданија на весниците излезе целиот текст од договорот, јави дописничката на МИА од Атина.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната