Нападнати музичари во угостителски објект во Аеродром

Од:

Скопјаните Н.Б. (36) и И.П.(34), кои ноќеска биле ангажирани како музичари во угостителски објект на булевар „Јане Сандански“ во Скопје, 50 минути по полноќ биле физички нападнати од двајца гости во локалот – К.М.(35) од Скопје и М.Б.(23) од тетовското село Брвеница.

МВР соопшти дека нападот утрово во шест часот во Полициската станица Аеродром го пријавил Н.Б., кому по физичкиот напад му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добил и И.П.

МВР не ги наведува причините за насилството. Напаѓачите К.М. и М.Б. се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он