Османи: Египет е првиот сосед на Европа и вратата за трговските коридори кон Африка и Блискиот Исток

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари работна средба со Амбасадорот на Арапска Република Египет, Моајад Фатхаллах ел – Далие кој е во работна посета на нашата земја.

„Египет е првиот сосед на Европа, а тоа има посебно значење за нас, земјите од Југоисточна Европа, имајќи предвид дека се наоѓаме на патот на трговските коридори кои ја врзуваат Европа со земјите од Африка но и од целиот исток“, истакна Османи на почетокот од средбата, упатувајќи благодарност за посетата и покажаниот интерес за соработка до амбасадорот Далие.

„Двете држави имаат традиционално пријателски односи, што треба да се искористи за унапредување на културната, политичката и пред сѐ економската соработка за што постои огромен потенцијал“ – истакна Османи.

Во таа насока соговорниците посочија и на потребата од обновување на старите деловни врски меѓу бизнис секторот на двете земји, за чие поттикнување, со свои активности би се вклучиле двете држави.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните