Продолжение на 54. седница на републичкото Собрание

Од:

Републичкото Собрание денеска ќе одржи продолжение на 54. седница со расправа за предлог законите за изменување и дополнување на законите за работните односи, за  безбедност и здравје при работа, за градежно земјиште и за градење, сите по скратена постапка.

На деневен ред на второто продолжение на 54. седница се и Предлог законот за дополнување на Законот за шумите и предлог законите за изменување и дополнување на законите за минерални суровини и за банките, по скратена постапка и во прво читање.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, во прво читање, поднесен од 13.169 избирачи, предложените измени на Законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање, на предлог на пратениците Илија Димовски и Благородна Дулиќ, како и Предлогот на закон за дополнување на Законот за пратениците, во прво читање, поднесен од пратениците Изет Зеќири и Фламуре Демири-Креци.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски