На остров во јужна Јапонија се случи вулканската ерупција, но нивото на ерупција не е такво што бара евакуација на населението, објави јапонската метеоролошка агенција.
Над вулканот на островот Кутиноераб, кој се наоѓа на околу илјада километри југозападно од Токио, се појави густ црн чад, а лавата не стигна до населената област.
Вулканот исфрлаше пепелт во висина од шест километри.
Претходната ерупција на овој вулкан се случи во 2015 година.
Јапонија има повеќе од 100 вулкани и се наоѓа во делот на Тихиот Океан, кој поради честите земјотреси е познат како Огнен прстен.