Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата.
Врнежи од снег утринава има на планинските премини Стража и Пресека, но таму сепак нема пречки во сообраќајот.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка има појава на магла која ја намалува видливоста до 50 метри.
По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Ги потсетуваме сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.