(ВИДЕО) Николоски: Вице Заев црвенеел и се потел од мојата изјава

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по денешното подготвително судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од братот на премиерот, Вице Заев, рече дека станува збор за бесмислен предмет и за политички притисок.

„Вице Заев ме тужи за нарушени чест и углед. Како што видовте внатре, тој денеска не се појави на подготвителното рочиште. Испрати адвокат. Јас решив да се бранам самиот зашто сметам дека немам потреба од адвокаит и од правна пмош“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека пораката на „главниот бизнис-фактор“ до сите бизнисмени во државата е да размислат дека ако може главниот бизнис фактор во државата да го тужи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, што може да им се случи нив.

Николоски рече дека верува во правниот систем на државата и очекува судот да го отфрли тужбеното барање на Виџе Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, потпретседателот на опозициската партија рече дека ќе го прашал Вице Заев на следното рочиште кое ќе се одржи на 26 февруари, за симптомите кои ги навел во тужбеното барање дека му се јавиле како резултат на неговата изјава.

Николоски рече: „Пишува дека господинот чувствувал од изјавата вознемиреност, главоболки и имал вегетативна симптоматологија во вид на потење и црвенило на лицето, па би сакал да го прашам на кој начин дошол до тие заклучоци“.

Тoј пред новинарите изјави дека што го кажал го кажал како претседател на опозициската партија.

Причината за тужбата е поради тоа што Николовски во телефонско интервју за една телевизија, рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добива сите главни бизниси во државата.

На следното рочиште на 26 февруари, ќе биде распрашан братот на премиерот. Вредноста на спорот е 30 илјади денари.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Арсовски: Семејството Заеви е главата на целиот рекетарски октопод, сите кои се вмешани да седнат во обвинителна клупа

ВМРО-ДПМНЕ: Газдата на пропаднатата „СВ Инвест“ е избеган во САД

Катерина Ѓуровски

Вице Заев: ВМРО-ДПМНЕ ако има докази нека ги даде на институциите, а јас ќе барам да докажат пред суд

А1он

(ВИДЕО) Арсовски: Вице Заев давал наредби за палење коли

А1он

Објавени аудиоснимки за Вице Заев, тој тврди биле лажни вести

А1он

Дуковски не знае за кои пари зборувал Боки 13, а Русковска вели дека тоа е нова лага

Кристијан Ландов