Би-Би-Си – Лондон
Кинеската мисија Чанг’е – 4 ја испитува темната страна на Месечината. Што би можела оваа кинеска вселенска мисија да открие на Месечината? Еве неколку работи за кои е проектирана
Нови сознанија за историјата на Месечината
Ниту една вселенска мисија до сега не ја испитувала темната страна од површината. Чанг’е – 4 е првата која доби можност да го истражи таинственото подрачје на природниот сателите на Земјата.
Темната страна, која не може да се види од Земјата, во некои клучни нешта се разликува од „познатата светла страна“. Површинскиот слој е подебел, постар и има повеќе кратери. Освен тоа има помалку „марии“ (темни базелтни мориња создадени од лава) отколку на светлата страна.
Чанг’е – 4 наводно слета во кратер по име Вон Карман, 180 километри широко вдлабнување на јужната хемисфера на темната страна. Тој кратер е во Еиткиновиот базен – многу поголема дупка издлабена на јужниот пол на Месечината.
Тоа е најстариот, најголем и најдлабок базен на Месечината, а формиран е пред повеќе милијарди години, кога астероид со пречник од најмалку 500 километри удрил во Месечината. Ударот бил толку силен што астероидот ја пробил кората на Месечината и навлегол во длабокиот слој кој се нарекува плашт.
Еден од целите на мисијата е да ја проучи материјата од плаштот расфрлана околу местото на слетување. Тоа може да понуди увид во внатрешната структура и историјата на Месечината.
Податоците кои ги собрале леталата во орбитата веќе покажаа дека површината на базенот се разликкува по составот од ридовите кои го опкружуваат. Меѓутоа делови на плаштот на површината се само едно од можните објаснувања.
Месечевото возило ќе направи панорамски слики од интересни локации, додека спектометар ќе ги испита минералите на дното на кратерот, како и карпите расфрлани околу местото каде удрил астероидот. Освен тоа, посебно конструиран радар ќе „ѕирне“ под површината, до длабочина од околу сто метри, за да се стекне увид во струтурата на површинската кора на месечината.
Можност за астрономите
За темната страна на Месечината долго се верувало дека претставува идеално место за посебен вид радио астрономија, која користи ниски фреквенции, бидејќи е заштитена од радио брановите кои се емитуваат од Земјата. Фреквенциите под десет мегахерци не можат да се користат за астрономски истражувања од Земјата, бидејќи ги попречуваат радио станиците и различни природни фактори.
Чанг’е – 4 носи инструмент кој се вика спектометар на ниски фреквенции, кој ги користи овие фреквенции, а ќе му помага слична направа од сателитот Ќуеао во месечевата орбита. Целта е да се изработи нискофреквентна радио мапа на небото и да се испита однесувањето на Сонцето.
Лиу Тонџи од кинеската Вселенска агенција во 2016 рече: Бидејќи темната страна на Месечината е заштитена од електромагнетни бранови од Земјат, тоа е идеално место за проучуавње на Вселената и соларните факели, како и за прием на сигнали од длабоката вселена“.
Така оваа мисија ќе пополни некои „дупки во астрономските истражувања и ќе им овозможи на научниците да ги проучат вселенските феномени на начин кој досега не бил можен.
Месечината и радијацијата
Неколку вселенски агенции планираа во блиска иднина да испратат луѓе на Месечината на подолги мисии. Поради тоа е важно да се разбере потенцијалниот ризик од зрачење.
Земјината густа атмосфера и силно магнетно поле пружаат добра заштита од галактичкото вселенско зрачење на наелектризираните честички кои доаѓаат од Сонцето. Но астронаутите на Месечината не можат да сметаат на оваа заштита и ќе бидат изложени на честички кои патуваат низ Вселената со брзина близу брзината на свтлината, што може да им го загрози здравјето.
Германски научници приложија дозиметри, кои ги мерат дозите на зрачење кое го апсорбира човековотото тело заради следните експедиции и поради подобро рабирање на природата на честитчките од Сонцето.