Владата на седница ќе разгледа повеќе Предлог-програми од економијата и спортот

Од:

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 115. седница на која ќе биде презентиран Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а ќе разгледа и повеќе Предлог-програми и годишни планови на државни институции.

Владата, како што информираат од прес- службата, ќе се произнесе за Предлог – програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, за Информацијата во врска со донесувањето на програма за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата, а ќе ја разгледа и Предлог-програмата за развој на туризмот на Република Македонија за 2019 година.

На дневен ред на владината седница се и Годишната програма со финансискиот план за 2019 година на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, како и Годишната програма на Агенцијата за планирање на просторот. На владината седница, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе ја презентира Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2019 година, а Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ќе ги презентира Финансискиот и Годишниот план за оваа година.

Министрите ќе ги разгледаат и информациите за Проектот за самовработување со кредитирање, Проектот за кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места, Проектот за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години и Проектот за кредитирање на правни субјекти за отворање нови работни места за млади лица до 29 години со Предлог-измените на Одлуката за формирање на Управен одбор на проектот „Самовработување со кредитирање“ и проектот „Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места“ на Агенцијата за вработување.

Владата ќе се произнесе и за Предлог-програмата за развој на спортот и младите во 2019 година и Предлог-програмата за распределба на средствата од игрите на среќа и забавни игри за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт.

На седницата, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе ги презентира Предлог – годишната програма за заштита на природата, Предлог-програмата за унапредување на животната средина и Предлог – годишната програма за финансирање на изработка на просторен план на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија