Османи: Реформите ќе бидат испорачани, конкретни резултати годинава

Од:

Со имплементацијата на Договорот од Преспа преку носењето на уставните амандмани во Собранието, успеавме да ги затвориме буквално сите отворени политички прашања, оставајќи простор за поширока и подлабока имплементација на реформскиот процес, рекол вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, на денешниот брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија пред кои го претставил статусот на имплементација на Планот18.

Како што соопшти неговиот кабинет, Османи се осврнал на досега реализирани активности од реформскиот План 18, како и на предизвиците за неговата натамошна имплементација.

-Имаме сериозен напредок практично во сите области од Планот 18: во правосудството, каде голем број закони се во финална фаза; во реформата на безбедносните служби, каде системот за прислушување е веќе соодветно одвоен од системот на безбедност и разузнавање; а напредок има и во активностите предвидени со реформите на јавната администрација, истакнал Османи.

Изразувајќи задоволство од реализацијата на Планот 18 во сите области, тој нагласил дека уште првиот работен ден од годинава беше свикан Работниот комитет за европски интеграции, каде највисоката раководна структура на целата државна администрација реферирала за реформите од Планот. Тој при тоа дал цврсто уверување пред амбасадорите дека Планот 18 ќе биде навреме спроведен, со цел неговата имплементација да биде соодветно нотирана во претстојниот извештај на Европската Комисија за земјава.

Османи воедно, изразил благодарност до амбасадорите на земјите – членки на ЕУ, за нивната поддршка на реформскиот процес, и воопшто, на европските интеграции на земјава, изразувајќи надеж дека оваа поддршка ќе резултира и со конкретни резултати годинава, преточена во старт на преговорите за полноправно членство во ЕУ, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски