„Независни Грци“ нема да го поддржат Ципрас на гласањето за доверба

Од:

Партијата „Независни Грци“ на Панос Каменос нема да го поддржи гласањето доверба во грчкиот парламент, изјави лидерот на партијата „Независни Грци“, досегашен партнер на СИРИЗА кој денеска соопшти дека ја напушта грчката влада.

Каменос поднесе оставка и од функцијата министер за одбрана по состанокот со Ципрас, пишуваат грчките медиуми.

Тој рече дека неговата партија ја повлекува поддршката за власта и се закани со исклучување од партијата на секој пратеник кој ќе гласа позитивно кога ќе се стави на тест довербата во владата на Ципрас.

Каменос вели дека давањето поддршка на гласањето, би значело поддршка и за Преспанскиот договор. Тој порача дека народот треба да бара договорот за името да биде ставен на референдум.

Според весникот „Ефимерида“ сепак Каменос нема целосна контрола врз парламентарната група и се очекува дел од претставниците на партијата да го поддржат кабинетот.

Извори за весникот уверуваат дека владата на Ципрас веќе има обезбедено поддршка за да го добие гласањето доверба.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов