Федерер бара построга допинг контрола

Од:

Вториот светски рекет Роџер Федерер се залага за воведување на таканаречени биолошки пасоши во тенисот за полесно откривање на допингуваните играчи.

Според податоците од сајтот на Меѓународната тениска организација, во 2011. година имало само 21 изненадувачка контрола на крвта на сите тениски турнири, додека во велосипедизмот бројот на таквите контроли е преку 3000.

„Таканаречениот крвен пасош е неопходен, затоа што некои супстанции не можат да се откријат, но можеби ќе биде возможно да се откријат во иднина. Тој ризик ќе влијае на потенцијалните измамници за да не земаат недозволени средства“, – изјавил Федерер.

„Не бев тестиран по Австралија опен и тоа беше големо изненадување за мене. Потребни се и повеќе пари за сето тоа да може да се спроведе на дело, и организаторите на турнирите би требало да помогнат, затоа што во нивни интерес e тенисот да остане чист“, – додал Федерер.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех