Ристовски: Како ќе одминува СП ќе бидеме подобри и подобри

Од:

Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски по мечот со Јапонија (37-28) изјави дека противникот покажал брза игра и им предизвикал многу проблеми во одбраната, а победата била остварена потешко од тоа како изгледало на теренот.

– Јапонците ни правеа многу проблеми во одбраната, а повеќе од половина од головите ни ги дадоа од брз центар. Ги казнуваа грешките кои ни се повторија и од средбите со Србија. Победата е далеку потешка од тоа што изгледаше на теренот. Ова е прв натпревар, а како ќе одминува СП ќе бидеме подобри и подобри, изјави Борко по дуелот, кој на крајот забележа 20 одбрани.

Во однос на мечот со Бахреин, Ристовски изјави дека треба да бидеме внимателни, иако целата јавност очекува лесна победа.

– Не треба да не фаќа еуфорија и да се залажуваме од резултатите, одиме чекор по чекор. Да не дозволиме оваа висока победа да не понесе, додаде голманот на Македонија.

Би можело да ве интересира

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски