Митески: Граѓаните на Аеродром се сведоци на изгубени 100 дена

Од:

Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека изминале 100 дена во лаги, неработење и неспособност на Златко Марин, градоначалникот на Аеродром.

– Граѓаните на Аеродром за жал се сведоци на изгубени 100 дена во кои Златко Марин имаше можност и шанса да отпочне десетици нови проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, но тој не отпочна ниту еден. Ветуваше брда и долини за Аеродром, а не сработи ништо. По седнувањето на градоначалничката фотелја Златко Марин едноставно исчезна од очите на Аеродром. Изминативе 100 дена Златко Марин може да се запамти само по деструкција и фалење со проекти обезбедени од ВМРО-ДПМНЕ, како и партизација на администрацијата. Го стопираше проектот Тениска АТП арена близу спортскиот центар Јане Сандански, проект вреден милиони евра, кој требаше да отвори десетици нови работни места и уште еднаш да потврди дека општина Аеродром е најурбаната општина. Во моментов проектот е стопиран, а локацијата запуштена од страна на локалните власти, рече Митески.

Тој додаде дека најголемо достигнување во овие 100 дена на Златко Марин е што се пофалил за проширување на градинката Бубамара, кој бил проект реализиран благодарение на претходната локална власт од ВМРО-ДПМНЕ.

– Партизацијата на администрацијата резултираше со именување на партиски војник на СДСМ за директор на основното училиште Александар Македонски кој не ги исполнува условите да биде директор на образовна институција. Ветуваше чист воздух и чиста општина, а Аеродром во моментов е лидер во загадувањето. Дивите депонии никнуваат на секој чекор, а мерните станици за аерозагадувањето достигнуваат рекорди во моментов. Општина Аеродром од најчиста општина, стана најнечиста општина. Ова е вистината за 100те дена на Златко Марин и општина Аеродром. Од најпросперитетна општина, за само 100 дена тргна во обратна насока, рече Митески.

Тој додаде дека празните ветувања и животот кој го ветувале за сите, останал само на прес-конференциите на Златко Марин.

– За разлика од 100те дена на Марин, градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски во претходниот мандат во првите 100 дена реализираше над 50тина проекти, од кои би издвоил неколку:
– Отворено е основното училиште Александар Македонски
– Реконструикција на детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче
– Отпочната е реконструкција и проширување на патот Горно до Долно Лисиче
– Реализација на п роект за изградба на Спортски центар Јане Сандански
– Се отпочна со реконструкција на спортските сали во општината
Ова е разликата помеѓу напорната и посветена работа на ВМРО-ДПМНЕ и празните ветувања на СДСМ и Златко Марин, рече Митески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицевски: Колашинац не е било кој бизнисмен, со Филипче и браќата Заеви се журкаше во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче има повластен третман само затоа што е функционер и претседател на СДС?

Зошто обвинителството има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди Q8 од 130 000 евра на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извини што лажеше за Кочани

А1он

Стојановска: Укинувањето на царини за стоките од САД, не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани