Актерката Ума Турман застана рамо до рамо со своите колешки во обвинувањата до продуцентот Харви Ваинстин за сексуално вознемирување и злоставување, приклучувајќи се на кампањата #MeToo.
Таа на својот Инстаграм профил објави порака до Харви Ваинстин.
– Среќен Ден на благодарноста! Денес сум благодарна поради тоа што сум жива, на оние кои ги сакам, и за оние што имаа храброст да проговорат. Реков претходно дека сум бесна, во случај тоа да не се гледа на моето лице, а имам и неколку причини за тоа. Среќен Ден на благодарноста на сите (освен тебе, Харви Ваинстин, и сите како тебе – драго ми е што ова оди полека – ти не ни заслужуваш куршум), вели Турман во честитката за американскиот национален празник.
Тие двајца соработувале на филмовите „Евтини приказни“ и во хитот на Квентин Тарантино „Убиј го Бил“.