Ума Турман повторно би соработувала со Тарантино

Од:

Само три месеци по изјавата дека режисерот Квентин Тарантино пред 16 години ја натерал да глуми во многу опасна сцена, Ума Турман сега вели дека повторно би соработувала со него.

Имено, глумицата претходно тврдеше дека каскадерска сцена со автомобили снимена за потребите на „Убиј го Бил 2“ и предизвикала хронична болка во вратот, затоа што сето тоа било изведено „толку невнимателно, дури на граница на кривично дело“.

– Доколку тој (Тарантино) напише нешто одлично, би соработувала со него, изјави Турман минатата недела.

Тарантино, пак, периодов го подготвува својот десетти филм како режисер, под наслов „Си беше еднаш во Холивуд“, со Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби во главните улоги.

Би можело да ве интересира

Ума Турман со „честитка“ до Харви Ваинстин

Наум Локоски