Зиховер се повлекува од лидерската функција на ЦСУ

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зихофер ќе се повлече од претседателската функција на Христијанската социјална унија (ЦСУ), јави ДПА, повикувајќи се на партиски извори.

Зиховер, исто така, им кажал на членовите на неговата партија дека планира да го напушти министерското место пред крајот на мандатот, кој завршува во 2021 година.

Се очекува во текот на неделава тој да ја објави одлуката за повлекување, а нов лидер би требало да биде избран на партиски конгрес, кон почетокот на следната година.

ЦСУ е сестринска партија на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он