Со масовен собир крај споменикот на Скршената столица кај Палатата на нациите (зградата на Обединетите нации), граѓаните на Женева покажаа солидарност со протестантите во Турција.
Со пароли против насилството во Турција, а со поддршка за граѓаните на плоштадот Таксим, стотина млади поддржувачи од Женева, главно студенти меѓу кои многумина од странски земји, протестираа со пароли „да живее отпорот”, „умираат дрвјата, се буди нацијата”.
Младите поддржувачи од Женева, како што велат, се противат на насилствата на полицијата врз протестантите во Турција, солзавецот, хемиските бомби, како и известувањето на медиумите, кои во прво време ги игнорираа протестите, а сега известуваат во корист на власта.