Во источно украинскиот град Луганск, кој е под контрола од проруските сепаратисти, веќе шести ден нема струја, вода и не работат мобилните и фиксните телефони, соопшти денеска прес-службата на Градскиот совет.
Поради постојаните вооружени судири повеќето компании ја прекинаа работата, во градот не работат банките, не се исплаќаат пензиите, платите и социјалната помош и целосно е прекината испораката на гориво, се додава во соопштението.
Според градските власти, во Луганск, каде живеат околу 250 илјади лица, работат само неколку аптеки и има сериозен недостиг на лекови.