Жестоко бомбардирање во Сирија

Од:

Сириските борбени авиони денеска изведоа 60 воздушни напади врз бунтовничките мети ширум земјата, што претставува најјако бомбардирање од почетокот на бунтот.

Како што пренесува АП, најмногу се погодени предградијата на Дамаск.

Според активистите, најмалку 500 куше го изгубија животот во текот на последните четири дена, кога на сила беше примирјето, а денешната бројка изнесува 80.


Во текот на денот 10 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Џарамани, предградие на Дамаск, јави сириската државна телевизија.

„Од експлозијата на автомобил-бомба пракирано на улицата Равда, загинаа најмалку десет луѓе, меѓу кои и жени и деца“, соопшти телевизијата.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад