Жестоки борби во Луганск

Од:

Околу 130 украински војници загинаа во борбите со проруските сили крај Луганск во текот на изминатото деноноќие, соопшти ИТАР-ТАСС, цитирајќи соопштение од прес-центарот на самопрогласената „Луганска народна република“ во источна Украина.

Украинските сили претрпеле и значителни материјални загуби – уништени се транспортен авион Ил-76, два тенка, два минофрлачи, пет автомобили.

Според соопштението на прес-центарот, украинската армија се обидела да го нападне градот од три страни, но сите напади биле успешно одбиени. Луганските сили од своја страна спровеле успешна операција во регионот на аеродромот на градот, што е под контрола на противникот, нанесувајќи значителна материјална штета, пренесува БТА.

Во Луганск загинало едно лице, а 13 се повредени, меѓу кои и  едно дете.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми