Владата на Тајван остро ја осуди најавата на Кина за четиридневни воени вежби со боева муниција, кои Кинезите планираат да ги одржат околу островот.
Ваквите вежби претставуваат „повреда на територијата на Тајван“ и „значат блокада на воздушниот и поморскиот простор на Тајван“, објави тајванската влада.
Дописникот на Би-Би-Си од Кина, Стивен Мекдонел, твитна мапа објавена од кинеските државни медиуми. На картата се прикажани локациите на планираните кинески воени вежби, кои ќе се одржат од четврток до недела, откако Ненси Пелоси ќе го напушти Тајван.
It seems that the main response from mainland #China to the arrival of Nancy Pelosi in #Taiwan could be a series of air and sea live fire military exercises over several days all round the island. See map below… pic.twitter.com/PZVo8rokGX
— Stephen McDonell (@StephenMcDonell) August 2, 2022