Жена во Јужноафриканската република денес е осудена на доживотен затвор поради продажба на својата шестгодишна ќерка.
Кели Смит беше осудена заедно со уште две лица, нејзиниот партнер Жакен Аполис и нивниот пријател Стевено ван Рин, на доживотен затвор за трговија со луѓе, како и на 10 години затвор за киднапирање.
Шестгодишната Џошлин исчезна во февруари минатата година и сè уште не е пронајдена, а граѓани од целата земја се придружија на полициската потрага, додека фотографиите од девојчето беа прикажувани на телевизија.
Судијата ги прочита пресудите во спортски центар во градот Салдана Беј, околу 120 километри северно од главниот град Кејптаун, а читањето беше преместено таму за да можат да присуствуваат и локалните жители.
Смит рекла дека ја оставила ќерка си кај Аполис денот кога исчезнала, а жена која сведочела рекла дека Смит и двајца мажи ја продале нејзината ќерка на локален исцелител за околу 1.000 долари.
Пресудата не донесе никакви заклучоци за тоа кому било продадено детето или што точно се случило.