Жена и три деца загинаа утрово, како последица од удар од воз во близина на Букурешт.
БТА јави дека, веројатно станува збор за мајка која се фрлила пред воз заедно со нејзините деца.
Децата се на возраст од две, пет и десет години, а жената, која наводно била бремена, е на возраст меѓу 25 и 30 години.
Машиновозачот, кој немал никава можност навреме да го запре возот што се движел со брзина од речиси 120 километри на час, е во шок.
Сообраќајот на линијата Букурешт-Констанца, околу три часа беше во прекин.