Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки топографски институт, а засега нема издадено предупредување за можно цунами.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на островот Нова Британија, на 450 километри североисточно од престолнината на Папуа Нова Гвинеја, Порта Морсби, соопшти институтот, а пренесоа француските медиуми.

Центарот за предупредување од цунами од Хаваи не издаде општо предупредување.

Нова Британија е најголемиот остров во архипелагот Бизмарк, на кој живеат 500.000 жители, а се наоѓа источно од брегот на Нова Гвинеја.

Островот лежи на пацифичко-австралиската тектонска плоча, која се протега во должина од 4.000 километри, а дел е од „огнениот појас на Пацификот“ каде земјотресите се честа појава заради поместувањата на тектонските плочи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада