Земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на брегот на Мексико

Од:

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Земјотресот, на околу 30 километри западно-југозападно од Лас Брисас во Долна Калифорнија, се случи на длабочина од 19 километри, додаде УСГС.

Властите истражуваат дали земјотресот предизвикал штета во државата Долна Калифорнија, напиша гувернерката Марина дел Пилар Авила на Твитер.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Мексико

Горан Наумовски