Земјотрес од 5,7 степени го погоди јужниот Пацифик

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди реонот на островската држава Тонга во јужниот дел на Тихиот Океан.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 268 километри јужно од тонганскиот остров Нукуалофа. Земјотресот се случил на длабочина од 58 километри под дното на Океанот.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикани матријални штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.

Тонга е монархија распространета на 172 полинезиски острови и има околу 100.000 жители.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада