Земјотрес го погоди островот Бали

Од:

Земјотрес го погоди индонезискиот остров Бали, предизвикувајќи паника меѓи жителите и туристите, но засега нема информации за евентаулни жртви или за причинета материјална штета.

Земјотресот бил со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на два километри североисточно од Банџар Пасекан, град во југоисточниот дел на островорт и на длабочина од 118 километри.

Според очевидци мнозинството локални жители и туристи побегнале од домовите и хотелите кон повисоки места, но ситуацијата е нормализирана, откако тие добиле известување дека земјотресот нема потенцијал да предизивка цунами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран

Силен земјотрес ја погоди Сицилија

Силен земјотрес ја погоди Канада