Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван, соопшти тајванската метеоролошка служба.
Во главниот град Тајпеј земјотресот предизвика тресење на згради, но нема извештаи за штета, јавува Ројтерс.
Епицентарот на земјотресот бил во ретко населената источна област Хуалиен, на длабочина од 7,2 километри.
Тајван лежи блиску до спојот на две тектонски плочи и припаѓа на земјотресните зони.