Илјадници индиски земјоделци денеска пробија барикади за да влезат во Њу Делхи на протест со трактор против новите закони за земјоделство.
Протестот се одржува на денот кога Индија го одбележа Денот на републиката со парада во градот во утринските часови, која помина без инциденти.
Толпа земјоделци утрово се собра на граничните пунктови, непосредно пред да почне протестот со трактори кој треба да се одржи на пладне, како што дозволи полицијата.
Десетици илјади земјоделци од крајот на ноември кампуваат на граничните пунктови на Делхи, барајќи укинување на трите закони за земјоделски производи, за кои велат дека ќе влијаат на нивните приходи, ќе им користат на големите корпорации и ќе ги остават на милост и немилост на слободниот пазар.