Зеленски: Украина ќе го зголеми бројот на своите вооружени сили за 100 илјади војници

Од:

Во следните три години Украина ќе го зголеми бројот на своите вооружени сили за 100.000, кои моментално бројат речиси 250.000, соопшти денеска пред Парламентот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој, исто така, рече дека украинската економија се стабилизира, апелирајќи до пратениците да останат обединети и да не паничат поради заканата од руска воена офанзива. Зеленски изрази надеж дека наскоро ќе биде договорена следната рунда разговори за Украина во нормандиски формат (Украина, Русија, Франција и Германија).

– Дипломатската поддршка за Украина е безусловна и најзначајната од 2014 година и таа продолжува. Воено-техничката помош за Украина е најзначајна, највредна и продолжува да пристигнува, рече Зеленски.

Во текот на неделава планирани се посети на Киев на премиери и претседатели на повеќе земји. Се очекува денеска да пристигнат премиерите на Велика Британија и Полска, Борис Џонсон и Матеуш Моравјецки, а во наредните денови и холандскиот премиер Марк Руте и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Предвидени се и посети на петмина европски министри за надворешни работи, меѓу кои Франција и Германија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Стармер: На Украина и се потребни дополнителни безбедносни гаранции поради амбициите на Путин

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

Јермак: Украина нема да се согласи на замрзнат конфликт

Лукашенко: Украинците нема да се согласат на прекин на огнот

Горан Наумовски

Путин: Ние сме за прекин на огнот, но прво треба да добиеме одговори на прашањата

Горан Наумовски