Зеленски сака да остане претседател на Украина додека не ги исполни ветувањата

Од:

Украинскиот претседател Влодимир Зеленски на партиски митинг изјави дека сака да остане на претседателската функција се додека не ги исполни сите свои изборни ветувања.

„Би сакал да останам претседател додека не ги исполниме сите предизборни ветувања“, го цитираше прес-службата на партијата, пренесе Тасс.

Тој, истовремено, нагласи дека неговата партиска програма „веќе ги нема сите одредби што не можат да се исполнат“.

Зеленски претседателската заклетва ја даде на 20 мај 2019 година, а, според Тасс, неговото клучно изборно ветување тогаш беше дека ќе донесе мир во источниот регион Донбас.

За време на изборната кампања, Зеленски вети дека ќе остане на власт само еден претседателски мандат.

Следните претседателски избори во Украина ќе се одржат во 2024 година.

Досега Зеленски не одговараше директно на прашањата на медиумите за неговите планови да се кандидира за уште еден претседателски мандат.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала