Зеленски: Киев ѝ предложи на Москва енергетско примирје преку американски посредници

Од:

Украина сега работи многу прецизно со Соединетите Американски Држави на документи за безбедносни гаранции, изјави вечерва претседателот на Украина – Володимир Зеленски, објави агенцијата Интерфакс-Украина.

„Доколку Русија е подготвена да престане да го таргетира нашиот енергетски сектор, ние ќе бидеме подготвени да го сториме истото. И овој наш предлог, кој го пренесоа Американците, беше пренесен и на руската страна“, рече Зеленски.

Тој додаде дека безбедносните гаранции се клучни за вистински крај на војната и траен мир.

„Важно е нашите партнери да нè слушаат по ова прашање и да продолжиме да остваруваме продуктивен напредок во преговорите“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина е во контакт со САД речиси секојдневно на различни нивоа.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Зеленски за Путин: Тој не сака војната да заврши!

А1он

Маск: „Време е Зеленски да си оди“

А1он

ВИДЕО: Зеленски изненаден од објавата на Трамп, но го прифаќа примирјето, се чека Путин