Зеленски кај Стармер: Украинците мора да знаат дека не се сами

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е од клучно значење за Украинците да разберат дека не се сами во својата борба, јавува Анадолија.

За време на неговата посета на САД, тој се сретна со претставници на украинската заедница во Вашингтон, според неговиот профил на социјалните мрежи.

„За нас е многу важно гласот на Украина да се слушне и никој да не заборави на тоа – ниту за време на војната, ниту по неа“, рече Зеленски.

„Од клучно значење е украинскиот народ да знае дека не е сам, дека нивните интереси се претставени во секоја земја и секој агол на светот“, додаде тој.

Тој се заблагодари за сите форми на поддршка за украинската борба.

„Ви благодарам за поддршката во овие тешки моменти и за сите ваши напори во име на Украина и Украинците – не само преку дипломатски и финансиски средства, туку и преку политичка и духовна поддршка, вклучувајќи ги и вашите молитви“, рече Зеленски.

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Велика Британија.

Според „Скај њуз“, авионот слета на аеродромот Стенстед по драматичната пресметка меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, која претходната вечер ја пренесоа светските медиумски куќи.

Британскиот премиер Кир Стармер и Зеленски се сретнаа попладнево во Даунинг стрит, потврди портпаролот на британската влада.

Утре Стармер ќе биде домаќин на состанок на европските лидери, на кој ќе се разговара за стратегиите за надгледување на потенцијалниот мировен договор за Украина, пренесува агенцијата.

Договорот мора да ги вклучи и САД.

Би можело да ве интересира

Стармер ги предупреди Европејците: Мора да бидеме подготвени за борба!

А1он

Путин не остапува: Средба со Зеленски само во Москва

„Фајненшл тајмс“: Кир Стармер е подготвен да повика на мултинационална одбранбена иницијатива

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Зеленски се соочува со историска одлука: Избори и референдум за мир веќе на 24 февруари

Британскиот премиер одбива да поднесе оставка