Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во парламентот го претстави Планот за внатрешна стабилност и истакна дека Украина нема да се откаже од правото на целата своја територија.

„Ние не тргуваме со суверенитетот, безбедноста или иднината на Украина. Нема да се откажеме од правото на Украина на целата нејзина територија. Дефинитивно нема да дозволиме нашата земја да биде искористена во нашите изборни кампањи во Европа. Нема да може да се победи на сметка на Украина“, рече Зеленски во своето обраќање во Врховната рада, пренесува „Укринформ“.

Тој додаде дека за сите во Европа, вклучително и за Украина, нема алтернатива за НАТО.

„Во исто време, светот бара нови формати на интеракција, а Украина го понуди својот формат на Формулата за мир, која обедини сто земји и меѓународни организации. Благодарение на нашето единство, голем дел од светот сфати дека мирот не се дава само, тој не е подарок. Мирот бара напори и овие напори мора да се засноваат на единство“, нагласи украинскиот лидер.

Планот за внатрешна стабилност на Украина што го претстави Зеленски се состои од 10 точки поврзани со единството, фронтот, оружјето, парите, енергијата, безбедноста, населбите, човечкиот капитал, културниот суверенитет и политиката кон хероите.

Би можело да ве интересира

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Зеленски: Политиката што ја најави Трамп дава можност да се постигне траен и праведен мир

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“