Зеленски: Договорив средба со Трамп, тоа може многу да промени

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва соопшти дека разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се договорија да се сретнат во Њујорк.

„Штотуку разговарав со претседателот Трамп. Тоа беше важен разговор и опфативме многу теми. Се договоривме да се сретнеме во Њујорк, а таа средба би можела многу да промени. Дипломатскиот процес доби на интензитет“, објави Зеленски на платформата „Икс“.

Средбата треба да се одржи за време на престојот на светските лидери во Њујорк по повод Генералното собрание на ОН.

Зеленски претходно најави дека планира средба со Трамп во Њујорк.

Во објавата, Зеленски му се заблагодари на Трамп за неодамнешната посета на неговите пратеници, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, на Киев.

„Му се заблагодарив на претседателот за посетата на Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Киев. Детално ги разгледавме клучните прашања, а тие лично се запознаа со ситуацијата во Украина. Мировниот процес е наш врвен приоритет“, напиша тој.

Виткоф и Кушнер го посетија Киев на 6 септември, откако претходниот ден во Москва три часа разговараа со рускиот претседател Владимир Путин. Тоа беше нивна прва посета на украинскиот главен град во улога на мировни пратеници на Трамп. По разговорите во Киев, тие изјавија дека американската администрација се обидува повторно да ги покрене преговорите за завршување на војната.

Зеленски изјави дека постојат предлози за чекори за намалување на тензиите, како и за решавање на клучните безбедносни прашања.

„Постојат идеи за чекори кон деескалација и за решавање на фундаменталните безбедносни прашања – енергетска безбедност, безбедност на снабдувањето со храна и заштита на човечките животи. Работиме заедно со американскиот тим и подготвени сме да преземеме навистина сериозни чекори“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина се без електрична енергија по нападот

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Трамп доби „ладен туш“ пред изборите: Не смеете да се заканувате!

А1он

Зеленски: Во Турција ќе се одржат важни преговори за ставање крај на војната со Русија

А1он