Зеленски до сојузниците: Престанете да гледате, преземете акција

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да престанат само да „набљудуваат“ и да преземат акција против присуството на севернокорејски трупи во Русија пред да дојде до конфликт.

Во видеото објавено на Телеграм, Зеленски истакна дека Северна Кореја напредувала во воените способности, распоредувањето на проектили и производството на оружје, објави Ројтерс.

„За жал, сега тие ќе научат модерно војување“, рече тој, додавајќи дека војниците од Северна Кореја се во близина на украинската граница.

Зеленски нагласи дека Украина ја лоцирала секоја позиција на севернокорејски војници во Русија, но дека западните сојузници не го испорачуваат потребното оружје со долг дострел за да ги нападнат.

– Наместо потребните долгометни капацитети, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа… – рече тој.

Би можело да ве интересира

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Кралот Чарлс нема проблем што Зеленски не носи одело

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер

(ВИДЕО) Во тек е клучниот состанок во Лондон: Ова е момент кој се случува еднаш во генерација

Катерина Ѓуровски

„Зеленски би трчал гол низ Њујорк, за да добие безбедносни гаранции, Американците се во заблуда“

ВИДЕО: На Зеленски му рекле да го пофали Трамп и да не зборува за гаранции, не послуша

Катерина Ѓуровски