Заврши првата седница во рамки на самитот на АПЕК, на маргините повторно средба меѓу Обама и Путин

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин ја искористи можноста по завршувањето на работната седница на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) повторно да разговара со американскиот претседател Барак Обама, јави ТАСС.

По завршувањето на работната сесија лидерите од земјите од АПЕК излегоа да направат заедничка фотографија и додека сите лидери ги зазедоа своите места, поминаа неколку минути пред да дојдат Путин и Обама, кои останале уште кусо време во салата, во која се одржуваше седницата.

Двајцата лидери разговараа и додека одеа кон местото, каде ги чекаат останатите државници.

Путин и Обама и пред почетокот на сесијата имаат можност да поразговараат.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков го потврди разговорот меѓу Обама и Путин.

По завршувањето на работната сесија лидерите на земјите од АПЕК учествуваа во симболична церемонија на засадување нова градина, при што секој од нив засади борово дрво. Лидерите потоа се упатија кон летната градина во конгресниот центар, каде ќе се одржи денешниот состанок.

На секое дрво има табличка со името на „неговиот“ претседател или премиер и според замислата на организаторите новата градина ќе претставува потсетник за местото, на кое е одбележала 25-годишнината од одржувањето на самитите на АПЕК.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски