Заврши кампањата во Украина пред утрешните парламентарни избори

Од:

Заврши предизборната кампања во Украина во пресрет на утрешните клучни парламентарни избори за земјата.

Украинците треба да ги изберат 225-те членови на Врховната рада од понудените листи на 29 партии со вкупно 3.114 кандидати. Истовремено, ќе се гласа и во 213 едномандатни изборни единици, во кои има вкупно 3.322 кандидати.

Руската новинска агенција ТАСС посочува дека „од разбирливи причини“ изборите нема да се одржат во досегашните две изборни единици во Севастопољ и во 10 на Крим. Агенцијата го цитира претседателот на ЦИК, Михајло Охендовски, дека во 14 изборни единици во Доњецката и Луганската област нема да има можност за гласање, а други три единици во источниот дел на земјата „се проблематични“, односно уште не е решено дали таму ќе се спроведат избори.

Соединетите Американски Држави побараа сите Украинци да излезат на гласање вклучувајќи ги и оние во областите контролирани од бунтовниците во регионите Донецк и Луганск, каде што проруските бунтовници рекоа дека ќе одржат нивни посебни избори во ноември. Сергеј Иванов, шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва ќе ги признае резултатите од изборите додавајќи дека тие сакаат стабилизирање на ситуацијата во Украина. Но украинскиот премиер Арсениј Јацењук изрази загриженост дека Кремљ може да се обиде да го наруши гласањето.

На претстојните парламентарни избори во Украина се очекува 28,1 отсто од избирачите да го дадат својот глас за Блокот на Петро Порошенко, покажуваат резултатите од истражувањето на Фондацијата „Јавно мислење“, објавени пред неколку дена.

Како што јави агенцијата ТАСС, претставувајќи ги резултатите од анкетата, претседателот на Фондацијата, Володимир Подгорнов, рече дека за Радикалната партија на Олег Лашко се подготвени да гласаат 13,8 проценти, за Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук – 8,2 отсто и за Татковина (Баткившчина) на експремиерот Јулија Тимошенко – 7,3 отсто. Следуваат партијата Граѓанска позиција на поранешниот министер за одбрана Анатолиј Гриценко со 6,4, партијата Самопомош на лвовскиот градоначалник Андриј Садовиј со 5,5 отсто и партијата Слобода со 5,2 отсто.

Опозицискиот блок, во кој се поранешните членови на Партијата на регионите е на границата на петпроцентниот цензус за влез во Врховната рада и тие засега може да сметаат на 4,9 отсто од гласовите.

Анкетата утврди дека 9,2 отсто од избирачите се уште не одлучиле за која партија ќе го дадат својот глас.

Претседателот на Фондацијата „Јавно мислење“, исто така, потенцира дека околу 30-40 проценти од гласачите уште не се определиле кој кандидат да го поддржат во едномандатните изборни единици. Тој информира дека во овие изборни единици бројот на претенденти за мандат варира од шест до 43.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми