Завршена е потрагата во јеменскиот затвор, загинале вкупно 87 лица

Од:

Од урнатините на затворот во Јемен се извлечени уште пет тела, така што бројот на жртвите во бомбардирањето на коалицијата предводена од Саудиска Арабија се искачи на 87, соопшти денеска меѓународната хуманитарна група НетБлокс.

Пристапот до Интернет сè уште не е можен бидејќи во бомбардирањето е оштетен телекомуникацискиот центар во градот Ходеида.

Шефот на Лекари без граници во Јемен изјави дека е завршена потрагата во затворот со кој управуваат јеменските бунтовници Хути во северната провинција Сада.

Тој додаде дека во бомбардирањето се повредени 266 лица.

Конфликтот во Јемен почна во 2014 година, кога бунтовниците Хути, поддржани од Иран, го зазедоа главниот град Сана и поголемиот дел од северен Јемен, принудувајќи ја Владата да се повлече на југ, а потоа во егзил во Саудиска Арабија.

Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, тогаш поддржана од САД, ја започна војната неколку месеци подоцна во обид да ја врати владата на власт во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен