Претседателот на Јужен Судан, Салва Киир, и поранешниот вицепретседател, Риек Мачар, кои од средината на декември се во војна, потпишаа нова спогодба за прекин на борбените дејствија, пренесоа француските медиуми.
Претходните два такви договора меѓу шефот на државата и неговиот некогашен заменик не беа почитувани.
На вчерашната средба во Адис Абеба,освен тоа источноафриканската Меѓувладина организација за развој на лидерите на завојуваните страни им дадоа рок од 45 дена да состават преодна Влада.
Првичниот рок од 60 дена за формирање на владин кабинет истече на 11 август.