Амбасадата на САД во Лондон веднаш беше затворена поради безбедносна закана. Како што јавуваат светските медиуми, пред зградата на амбасадата биле забележани вооружени полицајци и припадници на противпожарната служба, а се слушналa експлозија.
Во соопштението на полицијата се вели дека се „свесни за шпекулациите на интернет за инцидент во близина на американската амбасада“.
„На подрачјето превентивно се поставени кордони додека полицијата го истражува сомнителниот пакет. Информации ќе дадеме во наредниот период“, велат оттаму.
Портпаролот на американската амбасада изјави дека локалните власти истражуваат сомнителен пакет надвор од амбасадата. Во овој момент улицата е исто така превентивно затворена.
Очевидци тврдат дека слушнале силен тресок, што полицијата го потврдила. Последователно беше објавено дека е извршена контролирана експлозија од нивни членови.